Професорот Небојша Вилиќ на својот фејсбук профил ну напиша порака на градоначалникот Трајановски со предупредување дека ако не се запре со изградбата на Панорамско тркало, кое при големи дождови ќе однесе нови жртви.
„Запрете ја и прекинете ја изградбата на Панорамското тркало и тоа – Веднаш!
Ако ме прашате зошто, тогаш помислете само дека ова не е последниот пороен дожд или „водена бомба“ која може да го погоди Скопје и помислете само колку жртви би однело неговото обрушување заради упадот во коритото на непредвидливата р. Вардар. За тогаш пак да не биде доцна.“, му напиша Вилиќ на Трајановски.