(ВИДЕО) Давчевски: Да прекине градбата на Панорамското тркало

Од:

Советничката група на СДСМ и коалицијата во Совет на Град Скопје денеска поднесува иницијатива за прекинување на градежните активности на Панорамското тркало кое се гради во коритото на реката Вардар.

– Панорамското тркало се коси со Деталниот урбанистички план за Мал ринг на општина Центар кој е донесен на почетокот на оваа година со што се става вон сила Деталниот урбанистичка план од 2010 година. Со измената на ДУП-от, сите објекти кои не се довршени се дивоградби и мора да бидат стопирани или отстранети, а оние кои не се почнати нема да добијат дозвола за градба, рече на прес-конференција Драги Давчевски, координатор на советничката група на СДСМ и коалицијата во Град Скопје.

Смената на централната власт, како што рече, доведува до прекин на сите парични средства од државни институции кои во вид на донации беа давани за изградба на тркалото на носителот на проектот, ЈСП Скопје.

– Ја уважуваме петицијата покрената од граѓаните преку која побараа запирање на градбата на тркалото и која граѓаните ја доставија до градоначалникот Коце Трајановски кон крајот на 2016 година, односно почетокот на 2017 година. Сметаме дека со прекинување на градбата во оваа фаза би направиле корисна работа која ќе заштеди пари и истовремено ќе биде од корист на граѓаните, рече Давчевски.

Порача да се доврши мостот кој, како што рече, е во поодмината фаза и да се користи како пешачки мост, а се што е над мостот да се конзервира и да се заштити градбата од пропаѓање.

Би можело да ве интересира

Тројца истепани во угостителски објект во Градскиот парк во Скопје

Земјотрес во Скопје

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Пожар во куќа зад Универзална сала

Катерина Ѓуровски

Се судрија две возила, во сообраќајката повредена е малолетничка од Скопје

Комшија чува кокошки во зграда во Скопје, не знаат каде да пријават – законот јасен, ни маче и куче не смее да се чува на тераса

Анита Петровска Рајковиќ

Уапсени двајца скопјани затекнати како се дрогираат во стан на дилер од Скопје – уапсен и дилерот