ВИДЕО: Панорамското тркало се гради и на неработен ден

Од:

Иако според Законот за празници на Република Македонија, празникот Св. Кирил и Методиј, денот на сесловенските просветители е неработен, денеска сепак се вршат градежни активности на реката Вардар за изградба на Панорамското тркало кое е дел од проектот „Скопје 2014“.

Раководителите на проектот велат дека нема ништо не легално во тоа што тие денеска работат и покрај тоа што е државен празник и неработен ден.

За датумот кога треба да биде завршена оваа градба која ја изведува Бетон АД, раководителите на проектот велат дека мостот кој треба да стои под Панорамското тркало треба да биде готов до крајот на годината, но не знаат кога точно ќе биде завршен целиот проект.

Против изградбата на Панорамското тркало протестираа и граѓаните на Скопје под мотото „Скопје не е Дизнилед“.

Незадоволните граѓани во 2015 година од пред Камениот мост упатуваа пораки дека во услови на сиромаштија и ниски примања треба да се прекине со проектот „Скопје 2014“.

Како што потврдија и раководителите на проектот „Панорамско тркало“, имало индиции да се стопира изградбата на тркалото, но одлучено било сите започнати проекти од „Скопје 2014“ да бидат завршени.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Петмина ќе одговараат за перење пари за спомениците за Скопје 2014

Орце Костов

СДСМ: Мицкоски е опкружен со криминалци и води криминална партија, да поднесе оставка

СДСМ: Феникс го потврди ултра криминалот на ДПМНЕ во Скопје 2014

Предраг Петровиќ

Костовски: Мицкоски да поднесе оставка за докажаниот криминал во Скопје 2014 на ДПМНЕ

СДСМ: Со години ДПМНЕ переле пари преку Скопје 2014 врз грбот на народот

Куќен притвор за Владимир Тодоровиќ

Катерина Ѓуровски