(ВИДЕО) И на дожд протестираа граѓани кои не сакаат панорамско тркало

Од:

Дождот не ги спречи граѓаните со своето присуство на денешниот протест да покажат дека панорамското тркало не треба да се гради. На кејот на Вардар, до Камени мост, денеска попладне со собраа незадоволни скопјани според кои панорамското тркало е промашена и непотребна инвестиција.

Собирот беше прекинат од краткотраен дожд кој ги натера граѓаните да се засолнат под мостот, но продолжи неколку минути потоа.

Како што беше најавено, дел од граѓаните на себе носеа маски и перики за да укажат дека македонската метропола почнува да наликува на забавен парк.
Организатори на протестот се новоформираната граѓанска иницијатива „Скопје не е Дизниленд“.

Во меѓувреме напредува изградбата на панорамското тркало, кое ќе чини околу 18,2 милиони евра.

Би можело да ве интересира

Опомена пред тужба од АЕК за ЈСП за донацијата за Панорамското тркало

СДСМ: Груевски беше подготвен да потроши 20 милиони евра пари на граѓаните за Панорамско тркало на Вардар

Наум Локоски

АЕК не дава веќе пари за Панорамското тркало

А1он

(ВИДЕО) Давчевски: Да прекине градбата на Панорамското тркало

Ана Ололовска

ВИДЕО: Панорамското тркало се гради и на неработен ден

Ана Ололовска

Небојша Вилиќ до Коце Трајановски: Запрете го Панорамското тркало, ќе има жртви

Предраг Петровиќ