СДСМ: Груевски беше подготвен да потроши 20 милиони евра пари на граѓаните за Панорамско тркало на Вардар

Од:

„Носителот на криминалот, Никола Груевски беше подготвен да потроши речиси 20 милиони евра пари на граѓаните, преку испумпување средства од јавни институции за да гради Панорамско тркало во Вардар.
За да се исполнат личните желби на Груевски, беше променет Деталниот урбаниистички план за да се гради Панорамско тркало чија единствена намена беше да се види криминалот во проектот Скопје 2014.

Покрај потрошените милиони со неговата изградба се загрози и природниот ток на Вардар како и еко-системот во реката.

Сепак, преку одговорен пристап, по демократските промени СДСМ ги рационализираше трошоците од овој штетен проект. Се донесе одлука наместо барокното панорамско тркало да се направи висечки пешачки мост кој ќе го ослободи течението на реката Вардар.

Криминалот, деструкцијата и расипништвото беа симбол на раководството на ВМРО-ДПМНЕ предводено од Груевски. Одбраната на криминалот на Груевски пак е суштина на делувањето на актуелното антизападно раководство на ВМРО-ДПМНЕ предводено од пионот Христијан Мицкоски.

Пионот Мицкоски е продолжена рака на неговиот ментор и шеф, Никола Груевски.

Затоа антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски се против ЕУ и НАТО.

На антизападниот Мицкоски треба да му биде јасно дека не може да ги одбрани криминалите на неговиот ментор Груевски, ниту на неговите соработници“ се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трајчулески: СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ, одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните