И покрај информацијата која вчера излезе на социјалните мрежи, а ја пренесоа и неколку медиуми дека ќе се менува фасадата на Градскиот Трговски Центар, официјално на страницата на јавни набавки може да се види дека сепак се работи за партерно уредување и осветлување на парк Жена Борец, проект кој чини 20.260.495,00 денари.
Проектот тежок над 20 милиони денари ќе го изведува Друштво со ограничена одговорност за проектирање, градежништво, внатрешна и надворешна трговија УРБАН ИНВЕСТ ДОО од с.Возарци, Кавадарци, а договорот помеѓу фирмата и Град Скопје е во времетраење од три месеци.