ВИДЕО: Дојави за бомби во ГТЦ, во МНР и во неколку школи, во тек евакуација

Од:

Дојава за поставени бомби утрово на електронските адреси добиле Градскиот трговски центар, Министерството за надворешни работи и повторно неколку скопски средни училишта.

Единицата на МВР за антитероризам е на терен. Во тек е евакуација во сите објекти.

Од МНР известија дека веднаш постапиле по насоките од МВР.

„До Министерството за надворешни работи преку електронска пошта пристигна информација дека во зградата се поставени експлозивни направи. Министерството веднаш ги извести соодветните служби во МВР, по чии насоки заградата е веднаш евакуирана. Соодветно на безбедносните протоколи, штом се создадат соодветни услови, вработените ќе се вратат на работа“, велат од Министерството.

Минатата недела освен во средните училишта кои веќе трет месец добиваат закани за бомби, дојави добија Народната банка, Железничката станица и неколку трговски центри.

Би можело да ве интересира

МНР: Реагиравме до Европскиот парламент и грешкта е коригирана

МВР потврди: 55 годишна е жената која падна од терасата на ГТЦ

Анита Петровска Рајковиќ

Жена се фрли од терасата на ГТЦ – момче се обидело да ја спречи, но не успеало

Анита Петровска Рајковиќ

Состанок на експертските работни групи на МНР на Македонија и на Бугарија

Еден Македонец во Нигер побарал помош, МНР бара начин за евакуација

ГТЦ лани издвоил 1,3 милиони евра за струја и 2022 ја завршил со минус од 645.000 евра

Орце Костов