Габриел Бајрам не се јавил на распит во полиција, ама се јавил на поканата за прослава на Владата

Од:

Габриел Бајрам, син на починатиот пратеник Амди Бајрам, не се јавил на распит во полиција за копањето биткоени во ГТЦ, но се одѕвал на поканата да слави со Владата во Клубот на пратениците по првата меѓувладина конференција во Брисел. За неговото присуство на прославата во средата се дозна кога Исламската верска заедница објави фотографија, на која се гледа и тој. МВР објави дека по Габриел Бајрам имало и централен распис за да се спроведе во полициска станица.

„По неколку неодговарања на покани и непојавување на службен разговор во полициска станица, а по распишан централен распис на 30.06.2022, полициски службеници од Одделението за криминалистички работи Центар и Бит Пазар при СВР Скопје на 30.06.2022 го лишиле од слобода Г.Б.(40) од Скопје и со него бил извршен разговор во полициска станица. Исто така, во претходниот период, остварени се контакти и извршени се службени раговори и со надлежните во ЕВН и Градскиот трговски центар Скопје, а се вршат службени разговори и со други лица“, велат од МВР.

Габриел Бајрам не е осомничен дека копал биткоени на сметка на дуќанџиите во ГТЦ, туку од него биле земани информации, кои може да ѝ помогнат на истрагата. Бајрам имаше магацин под кирија во ГТЦ, каде што му го раскинаа договорот, но уште ги нема вратено клучевите. Се тврдеше дека токму во тие простории се трошела струја за криптовалути, која ја плаќаат сите дуќанџии.

„По комплетирање  на целокупниот материјал, ќе биде доставено известување до Основното јавно обвинителство Скопје за преземените мерки“, велат од скопското Обвинителство.

Лани во ноември беше извршен претрес во магацинот под закуп на Бајрам за кој дуќанџиите велат дека се копале криптовалутите. Не беше најдено ништо бидејќи уште претходно машините беа дислоцирани. Оттогаш е поведен и предмет.

Би можело да ве интересира

МВР потврди: 55 годишна е жената која падна од терасата на ГТЦ

Анита Петровска Рајковиќ

Жена се фрли од терасата на ГТЦ – момче се обидело да ја спречи, но не успеало

Анита Петровска Рајковиќ

ГТЦ лани издвоил 1,3 милиони евра за струја и 2022 ја завршил со минус од 645.000 евра

Орце Костов

Вклучи-исклучи на струјата во ГТЦ: Менаџментот ветувал дека ќе го плати долгот, за дуќанџиите да не останат во мрак

Кристијан Ландов

ВИДЕО: Дојави за бомби во ГТЦ, во МНР и во неколку школи, во тек евакуација

Катерина Ѓуровски

Дуќанџиите во ГТЦ: Проектот „Гранд“ ќе го заживее Градскиот трговски центар

Ана Ололовска