Лубеница уште не сме пробале, на внуците не можеме чоколадо да им купиме: Пензионерите на протест во Жена Парк

Од:

Се уште не пробале лубеница ова лето, а ниту можат да им купат чоколадо на своите внуци, велат пензионерите на денешниот протест во Жена Парк на кој бараат покачување на минималната пензија со минималната плата и линеарно зголемување на сите пензии побараа пензионерите.

Според нив, моменталната висина на пензиите не е доволна за пристоен живот.

– Најмалку 25 илјади денари да биде минималната пензија. Струјата е покачена, парно, вода, телефон се е покачено. За храната да не зборувам. Уште немаме лубеница пробано, а да не зборувам за сирење и кашкавал. На внуците не можеме чоколадо да им купиме. Не може да се издржи месецот, ништо не останува од парите што ги добиваме, вели пензионерката Вера Стојановска која добива пензија од 12.000 денари.

На протестот беа прчитани барањата за покачување на минималните пензии, а беше упатена и критика кон власта, бидејќи, како што рекоа, функционерите покачувањата нанивните плати го направија брзо, а за пензиите бил долг патот.

– Првото барање е што поскоро да се покачи минималната пензија и да биде на висина на минималната плата. Покачувањата да бидат линеарни, а не процентуални, сите да добијат по 3.500 денари. Да нема разлика. Пензионер е пензионер, не допринесува повеќе и нема потреба да се прави категоризација на покачувањето. Па продавниците се исти за сите, здравствените услуги исти, цените за сите се исти, нема потреба од разлика. Досегашните пензии не задоволуваат ни за едно обично нормално живеење.

Гласот на пензионерите ќе се слушне уште повеќе, неиздржливо е и не може да се живее со толку малку пари. Не можат да си купат лекови, не можат да се прехранат а огромен луксуз е да се појде на одмор. Велат долг бил патот, а за да си изгласаат за нив 78 проценти патот беше краток. Како јапонски воз брзо изгласаа за нивните плати. Е не се издржува повеќе, чашата е прелеана – истакна пензионерите од Скопје и најавија заеднички протест на сите пензионери од Македонија на 14 август.

Би можело да ве интересира

Меѓународниот ден на трудот одбележан со првомајски протест и барања упатени до новата влада

А1он

Трендафилов: Сакаат да го конфискуваат Работничкиот дом за да го уништат синдикалното движење

А1он

Првомајскиот протест ќе биде со барања упатени до новата влада

А1он

Претседателскиот кандидат Џил Стајн е уапсена на протест против војната во Газа

Потпишување анекс на Колективниот договор веднаш по формирањето на новата влада, бараат здравствените работници

Орце Костов

Протест за измени на законот за заедничко старателство по развод