Народниот правобранител не констатирал тортура врз Камчев: Имал поплака за доставување на вода и за просторијата

Од:

Народниот правобранител, Насер Зибери, негира дека во извештајот од посетата на затворот „Скопје“, констатирал дека врз притворениот бизнисмен Орце Камчев била вршена тортура. Наместо ова, констатирани биле други проблеми во однос на притворот и условите во затворот, како што е доставувањето на вода и просторијата во која помина 10 дена. Сега, Камчев е преместен од приемното одделение каде беше сместен поради ковид-протоколите, во друг дел на затворот.

„Констатирано дека е сместен во несоодветна просторија со несоодветни услови. Имал поплака во однос на ненавремено доставување вода од кантината. Во меѓувреме проблемот е надминат, преместен е во друга просторија, проблемот со доставување вода исто така е надминат, ова се констатациите на нашиот извештај кој е доставен и кај бранителот на притвореното лице. Сè друго во однос на нашиот извештај е неточно“, вели Зибери за „А1он“.

Директорот на затворот „Скопје“ во Шуто Оризари, Филип Андов пак, вели дека демантира секакви шпекулации за наводна тортура врз притворениот Орце Камчев.

„Демантирам дека притвореникот бил сместен во нехумани услови. Пред околу една недела дојдоа од кај Народниот правобранител и направија увид во состојбата, разговараа со притвореникот. Нема да го коментирам извештајот. Но, демантирам дека се вршела и било каква тортура врз притвореното лице“, вели Андов за „А1он“.

Попладнево, низа медиуми објавија дека во извештајот на Народниот правобранител било констатирано дека Камчев во затворот има нехуман, нечовечки третман, но се вршело и тортура врз него со што му е загрозена здравствената состојба.

Би можело да ве интересира

„Орка Холдинг“ на Орце Камчев ќе го презема целосно „Жито Полог“

Орце Костов

Агелер: Ние нема да ги апсиме оние што се на листата, одлуките зависат од вашите судски органи

А1он

Министерството за финансии на САД го стави Орце Камчев на Црната листа

Горан Наумовски

Почина Гоце Камчев, основач и претседател на „КАМ маркет“

Горан Наумовски

Камчев е на слобода, двете години затвор намалени за четири месеци со спојување на казните

Кристијан Ландов

Караници меѓу сестрата на Камчев, Боки 13 и адвокатот, судијата смируваше: „Тужи ме колку сакаш“

Кристијан Ландов