Намален родот на боровинки во кавадаречко како последица на зимскиот и пролетниот мраз

Од:

Само 15 лица побарале дозвола за берење на боровинки, смрекинки и други шумски плодови и лековити билки од подружницата на „Македонски шуми” во Кавадарци.

Раководителот на Одделението за заштита на шумите, Петко Ристовски, денеска информираше дека за разлика од оваа сезона, минатата биле побарани 25 дозволи, а предминатата дури 125.

– Самите љубители на шумски плодови и лековити растенија се информирани за нивниот род и намалените приноси како резултат на лошите времски услови, а тоа е сигурно една од причините за намален интерес за издавање на дозволи од страна на подружницата „Бор”, рече тој.

Тој додаде дека можеби постојат и други причини за намалениот интерес за дозволи за берење на шумски плодови и билки со лековити својства.

Би можело да ве интересира

Левица: Лозарот остана статист во сопствениот Гроздобер – милиони за странски изведувачи, неизвесност за македонските лозари

Јанчев: Да се истражи кој стои зад пожарот во депонијата „Мелци“

Пожарот кај Раец е изгаснат, екипите на ТППЕ Кавадарци остануваат на терен поради превенција

Поради пожар, селото Дреново e без вода

Пожарот кај кавадаречкото село Раец сѐ уште е активен

Пожарот кај Кавадарци се уште е активен, гаснењето продолжува и во текот на ноќта