Над 30 лекари и сестри починале, а 3.493 се заразиле со Ковид – 19

Од:

Коронаврусот бил причина за смрт на повеќе од триесетмина лекари, сестри и друг здравствен персонал кај нас. По смртта на лекарот Сенат Грбовиќ минатата недела, „А1он“ побара од Министерството за здравство бројка на лекари, медицински сестри, болничари и хигиеничари кои како здравствени работници се заразиле и починале поради последици од Ковид – 19. Од Министерството испратија само вкупна бројка на починати здравствени работници од Ковид – 19.

„Заклучно со 18.04.2021 година, според извештајот на Институтот за јавно здравје за состојба со Ковид – 19 во државата, од случаите кои се епидемиолошки истражени, регистрирани се 3.439 (4,8%) случаи на заболување меѓу здравствени работници. Заклучно со 04.01.2021, пријавени се 29 смртни случаи кај здравствени работници. Министерството за здравство е отворено за помош или каква било поддршка на секое семејство на здравствени работници“, велат од Министерството за здравство за „А1он“.

Во 29 – те здравствени работници за кои Министерството вели дека починале од Ковид – 19 не се лекарот Грбовиќ, поранешен вработен во скопската Итна медицинска помош, кој од почетокот на годинава работел во „Биотек“, а почина во петокот, оти нивната статистика е заклучно со четврти јануари годинава. Во статистиката не се влезени ниту невропсихијатарот Предраг Кировски кој како последица на Ковид – 19  почина на 25 март, годинава и медицинската сестра Нашиде Емини од Градската општа болница „8 Септември“ која почина на 14 јануари.

Најмлада меѓу починатите здравствени работници е 40 – годишната медицинска сестра Ирена Дојчиновска – Милошевска од Геронтолошкиот завод „13 Ноември“ во Скопје. Таа почина на 17 декември лани, а беше погребана следниот ден, на нејзиниот роденден.

Првиот лекар кај нас, кој почина од коронавирус, е 64 – годишниот уролог од Тетово, Арификмет Деари. Тој почина на 5 јули 2020, неколку месеци пред предвиденото пензионирање.

Од Клиничката болница во Тетово, неколку месеци подоцна, на 07.11.2020 почина радиологот Владимир Евтимовски.

Во ист ден, лани на 5 декември, како последица од Ковид – 19 животот го изгубија матичниот лекар во Крушево, Вангел Трајчулески и 55 – годишна медицинска сестра од Битола, вработена во хируршкото одделение на Болницата.

Вкупната бројка на починати од Ковид – 19 кај нас е 4.714, а од почетокот на пандемијата заразени се 150.672 лица.

Би можело да ве интересира

Вработените во јавното здравство добиваат повисоки плати

Катерина Ѓуровски

Таравари: Има интерес за враќање на доктори од приватно во јавно здравство

„Стоп за лоши навики“ – ЗЛС најавува нов проект за подигнување на свеста за здрав животен стил

Лекарска комора објави листа на доктори со важечка лиценца за работа

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски