Почина урологот Арификмет Деари, Филипче вели дека е првиот лекар кој починал од коронавирус

Од:

Во ГОБ ,,8 Септември”, на 64 – годишна возраст, почина д-р Арификмет Деари, уролог од Тетово. Деари бил хоспитализиран заради невролошки проблеми, но и позитивен на Kовид-19. На болничко лекување бил 15 дена.

Министерот за здравство Венко Филипче на социјалните мрежи објави за смртта на Деари

„Д-р Деари кој беше само на неколку месеци до пензионирањето, е првиот лекар кој почина од компликации на корона вирусот. Изразувам жалење и длабоко сочуство до неговото семејство. Апелирам до моите колеги здравствените работници да се чуваат и заштитуваат, на работното место соодветно на протоклите, но и надвор од него. Апелирам и до граѓаните да ги почитуваат мерките, да се заштитат себеси, здравствените работници и сите свои сограѓани“, напиша на „Фејсбук“ министерот за здравство Венко Филипче.

Би можело да ве интересира

Филипче: Македонскиот јазик не е загорезен, Мицкоски прдолжува со лажната одбрана на идентитетот

Филипче: Гоце Делчев би се срамел од Мицкоски и би се борел против криминалната ВМРО

Филипче: Ја напуштаме работата за Изборниот закон, спремни сме да ги искористиме сите демократски методи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: Вајц го демантира Мицкоски, нема никаков напредок

Катерина Ѓуровски

Панова: Стратегијата на претходната влада не донесе во ќорсокак со евроинтеграциите

Филипче: Оваа Влада не сака во ЕУ, реформската агенда е индикатор дека не се работи