Панова: Стратегијата на претходната влада не донесе во ќорсокак со евроинтеграциите

Од:

Стратегијата на претходната влада за евроинтеграцијата на државата не донесе во ќорсокак и оваа влада се обидува да ги исправи тие штети. Ќе продолжиме да работиме на реформската агенда, а прашањето со Бугарија ќе го решаваме во од, бидејќи билатералните прашања не смеат да стојат на патот кон Европската Унија. Но, тоа не може да го направиме доколку опозицијата не застане со нас на овој пат, изјави Ели Панова, пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на денешната дебата во Собранието посветена на евроинтеграцискиот пат на државата.

– Градењето на националниот консензус е многу битен за Европската Унија. Да, 70 проценти од граѓаните се за ЕУ, но повеќе од 80 проценти се против промена на Уставот. Стратегијата на претходната Влада не донесе во ќорсокак, не заглавија многу длабоко и сега оваа Влада се труди да ги исправи штетите што ни се нанесени. Владата ќе продолжи да изнаоѓа решенија, начини како да ги приближиме законите од реформската агенда до вас и да работиме на реформската агенда. Се трудиме да ја разубедиме нашата опозиција дека треба да изградат став со кој би застанале покрај нас да не донесеме уставни измени затоа што билателаните прашања не смеат да ни стојат на патот кон Европската Унија. Ние ќе продолжиме да работиме, да ги исполнуваме нашите задачи, а прашањето со Бугарија ќе го решаваме со помош на ЕУ, но мора да потенцирам дека тоа не може да го направиме доколку опозицијата не застане со нас на овој пат, рече Панова.

Осврнувајќи се на говорот на лидерот на СДСМ и претседател на Националниот совет за евроинтеграции, Венко Филипче, пратеничката Панова рече дека очекувала оти тој „ќе се надмине себеси“ и нема да држи политички говори.

– Мислев дека претседателот на СДСМ како претседател на Националниот совет ќе се надмине себеси и неговата кавга со медиумите нема да ја искористи денес да држи политички говори, рече Панова.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Дуел на Мицкоски и Филипче на пратенички прашања

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: Балканскиот криминален октопод се руши, по Вучиќ и Орбан следен ќе биде Мицкоски

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара утеха во пласманот од четврто место во Брвеница додека СДС ја направи партија која слави порази