На „Тортура“ се гледаат видео снимки за апсењето на Бошкоски

Од:

На денешното рочиште за случајот „Тортура“, во кој првообвинет е Сашо Мијалков, во судот се презентираат снимки од дневникот на МТВ од 6 и 7 јуни 2011, односно од денот по предвремените парламентарни избори кога беше уапсен лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски.

„Прва вест во најавата на дневникот во 19:30 е апсењето на Љубе Бошкоски при што се даваат снимки од неговото носење во суд со големо полициско присуство“, рече обвинителот од СЈО, Љубомир Лапе.

По завршувањето на првите прилози од вестите, обвинителот побара заради ефикасност во постапката да не се гледаат до крај снимките, односно вестите што не се поврзани со апсењето, но адвокатите на обвинетите не се согласија.

Судечкиот совет, на барање на одбраната, одлучи да продолжи целосното емитување на снимките, на кои има вести за градските плажи, за отворање базени, споменици во Аеродром, за реновирање на затворите, економијата и вести од светот од 2011.

Мијалков во судот беше спроведен од затворот во Шуто Оризари, а како негова поддршка во судницата дојдоа и двајца негови телохранители.

Галена Николовска-Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Љубе за пресудата: Сите видоа како ми ставаат пиштол на образ, а за судот нема тортура

Анита Петровска Рајковиќ

Апелација ја потврди ослободителната пресуда на Мијалков за „Тортура“

Катерина Ѓуровски

Вишо обвинителство бара Мијалков да се ослободи за „Тортура“ – жалбата на колегите од ОЈО да се одбие

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Хрватска го отфрли обвинението против Љубе Бошкоски за „Раштански Лозја“: Заврши мојот политички прогон од две децении

Маја Илиевска-Пачемска