На рочиштето за „Титаник“ се презентираат материјални докази

Од:

Со изведување материјални докази во Кривичниот суд во Скопје денеска продолжи случајот за изборни нерегуларности „Титаник“ на Специјалното јавно обвинителство. Досега се презентирани 1.800 од околу 5.900 материјални докази, предложени од СЈО.

Се презентираат лични документи, како барања за издавање лични карти, изјави за ополномоштени лица, извадоци од сметки, потврди и други документи.

Претседател на судечки совет е судијата Осман Шабани, а застапник на обвинението е Лиле Стефановска. Судот по бегството на обвинетиот Никола Груевски во Унгарија одлучи да му се суди во отсуство.

Освен Груевски во Титаник обвинети се и Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристоски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашјаковска.

Тие се осомничени за злосторничко здтужување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања.

Би можело да ве интересира

Обвинителството бара повисоки казни за автобуската несреќа кај Ласкарци

Предраг Петровиќ

Врховен ги одби како неосновани барањата за преиспитување на пресудата за „Титаник“

Приведен скопјанец осомничен дека го возел Палевски до Бугарија, а потоа и во Турција

Александар Тодески

Таткото на Вања повторно дава исказ пред обвинител

Александар Тодески

Рочиштата на Титаник, Ласкарци и Жан Митрев одложени поради самиотот на ОБСЕ

Изборот на нови судии во Апелација, може да ги врати „Ласкарци“, „Титаник“ и „Талир“ од почеток