На распит во Обвинителство сите инволвирани во изборот на надзорот за автопатите на „Бехтел и Енка“

Од:

Сите инволвирани лица во процесот на избор на компанијата „ИРД инженеринг“ која ќе го врши надзорот на изградбата на автопатите од страна на „Бехтел и Енка“ ќе бидат повикани на распит во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.

Од Обвинителството за „А1он“ информираа дека во следниот период ќе се врши распит како дел од предистражната постапка за избор на конзорциумот „ИРД Инженеринг“ која освен што беше избрана за надзорен орган, ги водеше и преговорите за сумата која треба „Бехтел и Енка“ да ја добие за изградба на четирите автопатски делници.

„По обезбедување на севкупната документација и извршената анализа од страна на истражителите од Истражниот центар на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, во наредниот период предметниот обвинител треба да започне со распит на лица инволвирани во постапката“, рекоа од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.

Би можело да ве интересира

Автопатот Гостивар – Кичево ќе биде готов во рокот, до крај на 2029 година

А1он

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Со тупаници ја тепаше бремената партнерка, па почна да ја дави

А1он

Пешаци претрчуваа на автопат во Хрватска – двајца се мртви, а двајца тешко повредени

А1он

Скандал со загадената вода во Струга – Обвинителството покрена истрага

Судската битка продолжува: Одбраната со жалба за „Геријатрија“, Обвинителството тврди дека доказите се цврсти