На патот Валандово-Струмица пуштена во употреба нова лента за тешки товарни возила

Од:

Новата трета лента за тешки товарни возила на патот Валандово – Струмица (Валандовско Брдо) денеска беше пуштена во употреба во присуство на директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Љупчо Ѓоргиевски и градоначалникот на Валандово, Николче Чурлиновски.

Ѓоргиевски изјави дека со новата трета лента ќе се зголеми безбедноста на сообраќајот на оваа делница која претставуваше тесно грло.

– Ова проширување со трета лента е во должина од 500 метри и заедно со порано изградените 140 метри изнесува 640 метри со коловоз од три метри по кој ќе се движат тешките товарни возила.Инвестициската вредност на овој проект е 4,5 милиони денари, рече Ѓоргиевски.

Истакна дека во стручните служби веќе се изготвуваат потребните проекти за уште неколку црни точки од овој патен правец кои ќе бидат реализирани во следниот период.

За градоначалникот на Валандово, Николче Чурлиновски, изградбата на третата лента на овој пат значи не само подобрување на безбедноста, туку и овозможување побрза и посигурна патна врска меѓу општините од Југоисточниот плански регион.

Би можело да ве интересира

Македонија и Косово заеднички ќе го градат тунелот на новиот патен правец Тетово-Призрен

Орце Костов

Магла во Крушево: Намалена видливоста на патиштата

А1он

Бочварски за патот Кичево-Охрид: Се што ќе направиме ќе биде согласно насоките од експертите

А1он

Десет години за 4,4 километри: Патот Водно-Сопиште изграден чека „амин“ од институциите

По магистралата Кичево-Гостивар сообраќајот се одвива забавено

Автомобил излета од пат на Скопска Црна Гора и заврши во амбис, тројца се тешко повредени

Горан Наумовски