На КАРИЛ почина жената од Неготино која била претепана од партнерот

Од:

Почина 46-годишната жена од Неготино која пред пет дена беше претепана од нејзиниот партнер П.Н. (51). Таа била во кома поради тешките повреди и се борела за живот на КАРИЛ во Скопје.

Сега починатата беше мајка на две полнолетни деца. Со П.Н. кој исто така е од Неготино била во врска подолг период. По насилството, П.Н. е во притвор.

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци пред неколку дена донесе наредба за спроведување истражна постапка против 51-годишен жител на Неготино за кого постоеше основано сомнение дека сторил кривично дело – Тешка телесна повреда од член 131 став 3 од Кривичниот законик.

-На 2 август, по вербална расправија, осомничениот извршил семејно насилство врз жена со која претходно повеќе години живеел во вонбрачна заедница. Тој повеќе пати ја удирал со бокс во главата, а потоа ја турнал кон туш кабината во бањата. Оштетената паднала и се здобила со тешка телесна повреда од која западнала во коматозна состојба. По интервенција во Општа болница – Кавадарци, таа била итно пренесена на лекување во Клиничкиот центар „Мајка Тереза” во Скопје, информираа тогаш од Обвинителството.

Би можело да ве интересира

Деветнаесетгодишно момче од Турција почина на скопската клиника

Предраг Петровиќ

Родилката од Делчево починала ноќеска на КАРИЛ, новорoденчето е на механичка вентилација на Детската клиника во Скопје

Горан Наумовски

Полицијата уште трага по идентитетот на лицето кое пукаше во Штекли и неговиот 23 годишен пријател

Во клиниката ТОУРАЛЕЦ првпат изведена операција на колено со помош на робот

КАРИЛ: Пациентите не се препраќани во други болници, во ниту еден случај не е загрозен било чиј живот

Ана Ололовска

Од невремето поплавени се дел од просториите на КАРИЛ, пациентите се препраќаат во други болници

Горан Наумовски