По престрелката во Тетово четворица тешко повредени завршија на скопските клиники

Од:

Четири пациенти со тешки телесни повреди се примени денеска на хируршките клиники во Скопје по вооружена пресметка на улиците во Тетово.

Како што соопштија од Министерството за здравство, на КАРИЛ е примен 32-годишен пациент со прострелна рана во предел на граден кош, тешка телесна повреда.

На Детска хирургија е примено 12-годишно дете со прострелна рана во предел на десна натколеница.

На Торакална хирургија е примен 37-годишен пациент со прострелна рана во предел на граден кош.

На Трауматологија е примен 60 годишен пациент со скршеница на десна потколеница.

Сите пациенти, нагласуваат од МЗ, се згрижени и им се укажува соодветна медицинска помош.

Едно лице е почина на лице место во вооружената престрелка која се случила денеска напладне во Тетово.

Би можело да ве интересира

Тетовец е тешко повреден, чичко му ненамерно го прегазил со возило

Полицијата влезе во угостителски објекти во Тетово, пронајде дрога и оружје

Пожар во средно училиште во Тетово, шестмина вработени завршија во болница

Левица: Скандалот во Центарот за социјални работи Тетово добива нови димензии

Најстудено во Берово и на Попова Шапка, најтопло во Тетово

Во Тетово е уапсен маж кој живее со малолетничка, МВР најави кривична за тетовецот