Стоилковски: На ТОАРИЛУЦ нема лифтови, се оперира на сопствен ризик

Од:

ДУИ и СДС системски го уништуваат здравството до последен ден. Незапаметен хаос владее на Клиниката за хирургија, односно Универзитетската клиника ТОАРИЛУЦ рече на прес конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.

– Цела недела четири лифта не работат, ниту двата мали кај влезот, ниту двата кај трауматологија, па пациенти со скршеници, но и оние што одат на контрола или во посета, или треба да одат по скали или да се туркаат со оние лифтови кон операционите сали. Цела недела, од минатата сабота трае проблемот со системот односно цевководот за кислород до операциски сали, цела недела нема испитување што е, што мириса, дали е загадено, дали навистина има јаглерод диоксид. Во меѓувреме, со потпис со лична согласност, луѓе се оперираат на сопствен ризик. Докази за тоа има во самата Клиника, неколку операции се извршени, дури и една врз дете. А, ако е се во ред, зошто тогаш нема план за операции за од понеделник. Делот КАРИЛ од 15-ти март има тендер од два милиони евра за санација. А, се уште еве веќе трет месец не се создадени услови за да се почне со санацијата, се работи за привремена соба која што треба времено да се сместат пациентите. Фирмата моли, со писма. Писмото е од 14-ти мај, се уште нема ништо. Санацијата инаку би траела три месеци, а веќе трет месец не може да се почне да се работи на самата Клиника, вели Стоилковски.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус