Родилката од Делчево починала ноќеска на КАРИЛ, новорoденчето е на механичка вентилација на Детската клиника во Скопје

Од:

Родилка од Делчево, ноќеска починала на КАРИЛ во Скопје, потврди за МИА директорката на КАРИЛ, Маја Мојсовска. Родилката е донесена во лоша здравствена состојба.

Директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев потврдува дека вчера после 10 часот родилката од Делчево била донесена во штипската Болница. Веднаш на Одделението за гинекологија и акушурство и бил извршен итен царски рез, по што во попладневните часови родилката заедно со новороденчето биле хоспитализирана во Скопје, каде во текот на вечерните часови починала.

Новороденчето се наоѓа на Детската Клиника во Скопје, потврди за МИА, директорката Стојка Нацева-Фуштиќ. Таа посочи дека детето е на интензивна и е на механичка вентилација.

-Родено е со низок апгард, апградот значи на раѓање страда детето, штом е со ниски витални функции на раѓање, вели Нацева-Фуштиќ за МИА.

Таа посочи дека се следи состојбата на новороденчето. Директорот штипската Болница, Ален Ѓеорѓијев по детални информации најави за утре откако ќе биде готов извештајот на интерната Комисија за контрола на квалитет и етички прашања, при Клиничка болница-Штип.

Би можело да ве интересира

Шест месеци чекаат плата: Вработени од Клиниката за детски болести на протест

Почина Мартин Треневски, новинар и поранешен министер и дипломат

Горан Наумовски

Почина Бошко Стаменковски, светски шампион и рекордер во бенч-прес и пауерлифтинг

Почина новинарот и поранешен директор на МИА, Живко Георгиевски

Почина новинарката на МИА, Ирена Радовановиќ

Горан Наумовски

Почина новинарката Лилјана Алтипармакова