Почина 46-годишната жена од Неготино која пред пет дена беше претепана од нејзиниот партнер П.Н. (51). Таа била во кома поради тешките повреди и се борела за живот на КАРИЛ во Скопје.
Сега починатата беше мајка на две полнолетни деца. Со П.Н. кој исто така е од Неготино била во врска подолг период. По насилството, П.Н. е во притвор.
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци пред неколку дена донесе наредба за спроведување истражна постапка против 51-годишен жител на Неготино за кого постоеше основано сомнение дека сторил кривично дело – Тешка телесна повреда од член 131 став 3 од Кривичниот законик.
-На 2 август, по вербална расправија, осомничениот извршил семејно насилство врз жена со која претходно повеќе години живеел во вонбрачна заедница. Тој повеќе пати ја удирал со бокс во главата, а потоа ја турнал кон туш кабината во бањата. Оштетената паднала и се здобила со тешка телесна повреда од која западнала во коматозна состојба. По интервенција во Општа болница – Кавадарци, таа била итно пренесена на лекување во Клиничкиот центар „Мајка Тереза” во Скопје, информираа тогаш од Обвинителството.