На „Богородица“ се запленети девет пиштоли, шверцерот е во притвор

Од:

Спречен e обид за сериозен меѓународен криминал, при што запленети се девет пиштоли од кои пет со голема пробивна моќ, а едно лице, македонски државјанин, е лишено од слобода и се наоѓа во притвор.

Како што соопштија од Царинската управа, делото е откриено во вторникот вечерта од страна на царински службеници на граничниот премин Богородица, на излез од државата, при детален претрес на возило со македонски регистарски таблички, управувано од македонски државјанин при што во кровот, помеѓу лимот и тапацирот, се пронајдени пиштоли од марката „Црвена Застава“.

Случајот е предаден на Одделението за истраги при Секторот за контрола и истраги, кое го лиши од слобода лицето, и по преземање предистражни дејствија против него е поднесена кривична пријава до ОЈО Гевгелија за сторено кривично дело „неовластено држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи“, казниво согласно Кривичниот законик, наведуваат од Царинската управа.

По наредба на јавен обвинител, лицето се наоѓа во притвор, а истрагата е во тек.

Би можело да ве интересира

Неуспешен обид за изнесување 64.000 евра преку Табановце

Горан Наумовски

На Богородица фатен Србин со 5000 штеки цигари, Обвинителството бара притвор

(ВИДЕО) Македонската царина заплени цигари вредни девет милиони денари

На „Деве Баир“ откриен е шверц на две илјади парчиња медицински препарати

Горан Наумовски

Златен накит вреден 1,1 милиони денари е запленет на „Богородица“

На „Богородица“ запленета е златна плочка која беше сокриена во чевел

Горан Наумовски