На „Деве Баир“ откриен е шверц на две илјади парчиња медицински препарати

Од:

Мобилен тим од Одделението за оперативни работи при Царинската управа спречи обид за криумчарење на две илјади парчиња вијали со медицински раствор „Гадонанс“, кои косовски државјанин, возач на товарно моторно возило, сакал да ги криумчари криејќи ги во кабината на возилото.

Како што соопшти Царинската управа, против возачот е поднесена кривична пријава за кривично дело „криумчарење“, а вијалите се запленети.

Станува збор за косовски државјанин, вработен како возач во транспортна компанија од Косово, кој превезувал алуминиумски профили на релација Турција – Косово. Возилото било запрено за контрола од мобилен тим на граничниот премин Деве Баир.

Откако возачот изјавил дека нема ништо за пријавување освен декларираната стока, царинските службеници извршиле детална контрола поради сомневање.

При прегледот биле пронајдени вкупно 2.000 вијали, спакувани во папки и кеси, без оригинално пакување. Медицинските препарати биле сокриени на повеќе места во кабината – во горниот кревет, во фабричка шуплина, над возачкото седиште, како и во личниот багаж сместен во долниот кревет.

Од Царинската управа посочуваат дека со оваа акција се спречило небезбедни медицински препарати да стигнат до граѓаните, нагласувајќи дека ваквите производи подлежат на задолжителни дозволи за увоз, како и на строго пропишани услови за чување и транспорт.

Станува збор за медицинскиот раствор „Гадонанс 7,5 мл“, кој се користи како контрастно средство при магнетна резонанца и се аплицира венски.

Од Царинската управа апелираат дека секој обид за криумчарење на лекови и медицински препарати ќе биде најстрого санкциониран.

Годинава Царинска управа спречила 13 обиди за криумчарење и заплени вкупно 29 илјади парчиња лекови и медицински препарати.

Би можело да ве интересира

Златен накит вреден 1,1 милиони денари е запленет на „Богородица“

На „Богородица“ запленета е златна плочка која беше сокриена во чевел

Горан Наумовски

Двајца шверцуваа 65 килограми марихуана, ОЈО бара притвор само за еден од нив

Горан Наумовски

Цариници запленија 94 пара патики и 620 електронски цигари во товар со пченка

А1он

Во прекин е товарниот сообраќај на Г.П. „Деве Баир“

Трет ден блокада на камионџиите на „Деве Баир“