На 27 ноември обвинител од СЈО првпат ќе го застапува „Маѓар телеком“

Од:

Пред судијката Ленка Давиткова на 27 ноември во кривичниот суд во 9.30 часот првпат ќе се појави обвинител од специјалното јавно обвинителство кој ќе го застапува предметот од 2011 година „Маѓар телеком“, потврдија од СЈО за „Макфакс“.

Шефицата на ова обвинителство во интервју изјави дека воспоставиле надлежност врз предметот и дека од сега па натаму, наместо редовното Обвинителство, предметот ќе го застапуваат тие.

СЈО водеше и предистражна постапка за случајот, која, најверојатно, ќе биде дел од тезата што ќе се обидат да ја докажат. Скопското Обвинителство долго време не му го даваше на СЈО предметот „Маѓар телеком“ со образложение дека не се поврзани ниту, пак, произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите.

Претходното судско рочиште беше одложено поради службено отсуство на надлежниот обвинител oд скопското Јавно обвинителство, Ермон Незири. Во предметот обвинети се тројца ексдиректори во „Телеком“, Атила Сендреи, Ролф Плат и Золтан Кишјакус, за злоупотреба на службената положба. Тие седум години се недостапни за органите на прогонот. Обвинетите воделе тајни договори со македонски премиер и со други лица од Македонија за да ја спречат конкуренцијата на телекомуникацискиот пазар.

Oбвинетите признаа вина. Се спогодија со окружниот суд во Њујорк и платија глоба од 250 илјади долари, односно 150 илјади долари. Претходно, во првиот процес што се водеше во Окружниот суд во Њујорк во декември 2011 компанијата „Маѓар телеком“ плати глоба од 95 милиони долари.

За овој предмет во скопска ‘единица’ првин постапуваше судијата Седат Реџепагиќ. Првото рочиште се одржа на 26 октомври 2011 година. Со текот на годините се менувале судиите за предметот. Предметот потоа го наследи судијата Александар Милошевски и биле закажани 3 рочишта во текот на 2015 година, кои биле одложени поради истата причина. Биле закажувани по 2 до 3 рочишта во текот на годината со оглед на тоа што судот барал со замолница преку Министерството за правда по дипломатски пат на обвинетите да им се достават обвинителен акт и покана за расправа, преведени на нивниот јазик, во матичната земја на адресите што се дел од списите на предметот. Во 2017 година биле закажани 7 рочишта, од кои 5 биле одржани, а три се одложени по барање на странките.

Предметот го наследи и сега го води судијката Ленка Давиткова. Во 2016 година таа закажала 9 рочишта, од кои 5 биле одржани, а 4 биле одложени по барање на одбраната, отсуство на бранител или барање за увид во предметот. Во 2017 година биле закажани 7 рочишта, од кои 5 биле одржани, а две се одложиле по барање на странките вклучувајќи го и последното од 20 април.

Предметот е во фаза на доказна постапка, односно сослушување сведоци. Досега се сослушани сведоци предложени од Обвинителството и сведок предложен од одбраната.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Вкупна казна од 24 години за тројцата обвинети за предметот „Маџар Телеком“

Ана Ололовска

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Интервју со синот на Катица Јанева: Во пералната и фонтаната ни бараа прислушкувани разговори, мајка ми има што да каже, ќе дојде ден

Кристијан Ландов

Предистрагата за високите бонуси на поранешните специјални обвинители не мрда од „мртва точка“

Кристијан Ландов

Не се загрозува ниту еден предмет покренат од СЈО со враќањето на повторно одлучување, вели Заев

Ана Ололовска