Македонските Обединети Сили (МОС) заедно со Тврдокорни упатија повик до македонскиот народ, сите организации, бранители, навивачки групи и членови на сите политички партии, кои, како што пишува во соопштението, не се согласуваат со националното предавство, да се придружат на протестот на 27 февруари пред ЕУ инфо центарот.
– Дојде денот кога Македонскиот народ ќе се обедини под едно знаме со иста цел одбрана на името МАКЕДОНИЈА и се што е Македонско. Сите праведоумни Македонци имаат за чест и обврска со присуство да одговорат на овој настан каде ќе се прати пораката дека ова парче земја се викало и ќе се вика МАКЕДОНИЈА, се вели во повикот на МОС и Тврдокорни.
На обидот за национално предавство од страна на изродите Македонски ќе одговориме со обединување на Македонскиот народ и жесток отпор за спас на татковината, порачуваат тие.