Момче и девојка потешко повредени во сообраќајка во Кавадарци

Од:

Тројца млади биле повредени во сообраќајка ноќеска во Кавадарци, девојка и момче со потешки повреди, потврди Ратко Грков, дежурен лекар во кавадаречката Брза помош.

-Младите биле повредени во сообраќајка меѓу велосипед и мотор. Во центарот на Кавадарци, кај основното општинско училиште „Димката Ангелов-Габерот“. Им укажавме прва медицинска помош и поради сериозноста на повредите, една девојка и едно момче препративме на лекување во Скопје, појасни Грков.

Би можело да ве интересира

Пожарот кај Раец е изгаснат, екипите на ТППЕ Кавадарци остануваат на терен поради превенција

Поради пожар, селото Дреново e без вода

Пожарот кај кавадаречкото село Раец сѐ уште е активен

Пожарот кај Кавадарци се уште е активен, гаснењето продолжува и во текот на ноќта

Пламнаа два нови пожари во Општина Кавадарци

Горан Наумовски

Реактивиран e пожарот во кавадаречко, два „ер трактори“ ангажирани во неговото гаснење