Могерини и Хан со заедничка изјава: Позитивно гледаме на изборот на Џафери за спикер, насилството е целосно неприфатливо

Од:

Високата претставничка за надворешна политика и безбедност на ЕУ Федерика Могерини и еврокомесарот за проширување Јоханес Хан вечерва преку заедничко соопштение изразија загриженост и ги осудија случувањата во Собранието на Македонија.

– „Најостро ги осудуваме денешните напади врз членови на Парламентот во Скопје. Актите на насилство во Парламентот се целосно неприфатливи и ние повикуваме на смиреност и воздржаност. Министерството за внатрешни работи и полицијата мора да обезбедат безбедност на Собранието и неговите членови. Демократските текови мора да продолжат. Позитивно гледаме на изборот на Талат Џафери за претседател на Собранието, како што известија медиумите. Европската унија е убедена дека политичкиот дијалог во институциите е единствен начин за напредок и бараме сите политички актери да го почитуваат Уставот на земјата и да дејствуваат во духот на демократските принципи, достоинството и со здрав разум. Поранешната Југословенска Република Македонија е земја кандидат за членство и ЕУ е подготвена да работи со Парламентот на потребните реформи за напредок на земјата на европскиот пат“, се наведува во заедничката изјава на Федерика Могерини и Јоханес Хан.

Би можело да ве интересира

Могерини и Санино се пуштени на слобода по сослушувањето за наводни неправилности во ЕУ проект

Горан Наумовски

Покрај Федерика Могерини, уапсен е и Стефано Санино како дел од истрагата за злоупотреба на средствата од ЕУ

Полицијата ја уапси Федерика Могерини

Горан Наумовски

Хан: Горд сум што придонесов за успехот на Преспанскиот договор

А1он

Средби на Димитров со Хан, Дендиас и Бартоло, во фокусот на разговорите нашата европска иднина

Драган Поповски

ВИДЕО: Заев и се заблагодари на Могерини за поддршката и во моментите на криза и во моментите на успех

Татјана Ташкова