ВИДЕО: Заев и се заблагодари на Могерини за поддршката и во моментите на криза и во моментите на успех

Од:

Премиерот Зоран Заев преку објава на својот профил на „Фејсбук“ и се заблагодари на шефицата на европската дипломатија во заминување, Федерика Могерини, за која како што напиша, ни беше поддршка и во моментите на криза и во моментите на успех.

Вистинска пријателка на нашиот народ и на целиот Западен Балкан. Вечерва со лидерите од регионот сме собрани во нејзина чест во Брисел, да заокружиме едно сериозно поглавје од нејзината кариера, додава премиерот Заев.

Федерика, ти благодариме за посветеноста, твојот ангажман е многу значаен за трансформацијата на Балканот во регион од кој извира мир и стабилност, се заблагодари Заев.

Би можело да ве интересира

Туск: Следните шест месеци ќе бидат одлучувачки за безбедноста на Европа

Кремљ: Не гледаме основа за подобрување на односите меѓу Москва и Европа

Сали: ЕК испраќа позитивна порака, Македонија го следи патот кон ЕУ

Горан Наумовски

СДСМ: Стратешкото партнерство со САД оди заедно со членството во ЕУ

Горан Наумовски

ЕУ: Нема да има дополнителни 220 милиони евра грантова помош за Украина

Ќе се лансираат американски ракети од европски лансери