Митева: ДУИ и од образованието прави бизнис, да кажат по чиј налог се кроени условите од тендерот за учебници по англиски

Од:

Бизнисмените од ДУИ никако да сфатат дека со образованието не смее да се импровизира, а буџетот служи пред се да се обезбедат квалитетни услови за школување, а не бизниси за профитерите блиски до власта рече на прес конфернција портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ Марија Митева.

– По вчерашната пресконференција на која објавивме дека МОН преку тендер со фризирани услови сака да намести тендер за учебниците по странски јазик, веќе денес следи признание преку министерството со самиот факт што има нов оглас во кои ги нема претходно предвидените услови. МОН со условите кои ги предвидуваше, целосно ги исфрлаше од право на учество учебниците на „Оксфорд” и „Пирсон”, кои се професионални учебници од кои учат деца низ целиот свет, во приватните школи низ државата, но од кои до сега учеле и во државното образование. Бизнисмените од ДУИ, треба да одговорат за кого беа кроени условите во тендерот? По чиј налог во тендерот беа внесени условите, економскиот оператор да има годишен приход од над 20 милиони денари во последните три години? Дали стануваше збор за исполнување на желби на фирми блиски до власта? Распишувањето на нов тендер не ги исклучува од одговорност и напротив е поголем индикатор за интенцијата која ја имале рече Митева.

Би можело да ве интересира

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

ВИДЕО: Голема прослава на ДУИ за победата во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Владата ќе формира Национален комитет за заштита и безбедност на новинарите

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“