Фирмата „Мирсат Комерц“ се оградува од обвиненијата изнесени во постот кој беше објавен од „А1он“ и демантира било какви неправилности во постапката за добивање на работата.
„Цените за кој што се работи работата се за 50,42% пониски од објавените цени, односно цената за косење не е 12 денари за квадрат туку е 5,95ден.
Фамозните два милиони евра за косење ниту сме ги украле ниту некој ги ставил во џеб, туку тоа е максимален предвиден буџет за таа работа, а плаќањето кон нас ќе се изврщува по учинок. Колку ќе сработи фирмата толку и ќе наплати. Има надлежни лица кои ќе ги контролираат нашиот учинок и учинокот ќе биде поткрепен со соодветна документација.
За на обичниот граѓанин да му стане малку појасно станува збор за околу 364 км автопатот што треба од лева, десна страна и средина, што значи 364×3=1092км должнска траса ( Скопје-Виена) и Клучки со вкупна квадратура од оклу 600 000м2. Која треба да се коси, расчистува од грмушки, сечење на дрва, кастрење гранки и собирање смет.
Некои од делниците никогаш и не биле расчистувани и наидуваме на голема вегетација и некој дрва со висина од 4 метри, но ве уверуваме дека рабатата ќе биде професипнална и одговорно сработена.
Во врска со бројката на работници како што беще објавено во постот “Двајца” исто така ја демантираме и тврдиме дека секој дневно имаме 60 работници кои што работат на терен и бројката ќе биде по потреба и зголемена, покрај работници на терен е и механизација за косење повеќе од било кога на нашите автопати (багери со мулчер, Унимоци сп мулчер, Трактори со мулчер) која исто така по потреба ќе се зголемува.
Ширината на косење ја одредува инвеститорот кој дава инструкции во која ширина треба да се коси, инструкциите се во второто косење да се коси до крај. Така што ќе се заштедат средства“, стои во демантот.