Миновски: Ќе одговарам ако има нерегуларности при вработувањето на Стојчевски

Од:

Доколку антикорупциската комисија утврди нерегуларности при вработувањето на синот на пратеничката Мира Стојчевска, директорот на ЕЛЕМ, Драган Миновски најави дека тој ќе сноси одговорност за тоа.

„Доколку се утврдат некакви нерегуларности во однос на изборот на Виктор Стојчевски, одговорност ќе сносат сите, вклучувајќи нѐ мене и вработениот. Постојано се проверува, сите документи побарани од антикорупциската комисија беа доставени. Исто така има и внатрешна комисија која проверува како е направен изборот за Стојчевски“, рече Миновски.

Од антикорупциската комисија велат дека тие ги разгледуваат документите кои се доставени, а на предметот се работи.

Претходно, ЕЛЕМ тврдеше дека синот на пратеничката Мира Стојчевска ги исполнувал сите критериуми за вработување и затоа бил примен во редовен работен однос во компанијата. Но, оттаму, не одговорија дали огласот е во согласност со систематијзацијата на компанијата, која ЕЛЕМ не ја доставува до медиумите.

Кристијан Ландов

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Оперативниот план за вработување опфаќа над 16 илјади граѓани, 65 проценти од нив млади до 29 години

Османи: Сестра ми работи во М-НАВ веќе 15 години, за критериумите прашајте ги таму

Новиот поткаст: „Што го врти светот?“ со Јована, почнува денеска во 20 часот

Груби ги кани невработените да се запознаат со работата на „Бехтел и Енка“, а тие уште не почнале да градат

A1on

Mицкоски: Граѓаните од 1 јули ќе плаќаат минимум 10 проценти повисоки сметки за струја

Предраг Петровиќ

Николов: Ако ЕЛЕМ беше на здрави нозе ќе имавме 5-6 пати пониска производна цена на струјата