Новиот министер за здравство, Беким Сали попладенво им упати покана на лекарите Драган Даниловски, Никола Пановски и Вело Марковски да бидат дел од новата Комисија за заразни болести.
Тој по преземањето на функцијата најави проширување на составот на Комисијата за заразни болести.
„Најавував дека промените во ова тело ќе бидат во насока на проширување и дополнување на неговиот состав, со нови, професионални, кадри од повеќе области. Заради ефективност и успешност на овој процес, би сакал јавно да ги поканам и угледните професори д-р Драган Даниловски, д-р. Никола Пановски и д-р Вело Марковски да се приклучат како членови на Комисија за заразни болести и со тоа да придонесат во нејзината работа. Чест и задоволство ми е јавно да го упатам повикот до овие експерти врз основа на внимателното следење на јавната дебата околу нивното можно вклучување во Комисијата за заразни болести. Гласот на науката е клучен во борбата против ковид-19. Да го искористиме на најдобриот начин“ – напиша Сали во објава на социјалните мрежи.