МИМ, СЕММ, ССНМ и ИКС: Упатувањето закани кон новинарите истовремено е атак врз демократијата

Од:

„Македонскиот институт за медиуми (МИМ), Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) и Институтот за комуникациски студии (ИКС) категорично ги осудуваат упатените закани кон претседателот на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) Насер Селмани.

За нас е целосно неприфатливо да се спречува слободата на изразување и професионалната работа на новинарите, која треба да биде ослободена од какви било притисоци и уцени. Упатувањето закани кон новинарите истовремено е атак врз демократијата и ограничување на можноста јавноста да има пристап до информации и идеи од различен вид.

Ги повикуваме надлежните институции навремено да реагираат и да ги преземат неопходните мерки за да се расчисти случајот и да се спречи повторување на ваквите инциденти. Потсетуваме дека државата, во согласност со член 10 од Европската конвенција за човекови права, е одговорна за преземање на сите активни мерки со цел да се создаде и одржува поволна клима за слободата на изразување“, се вели во реакцијата на Македонскиот институт за медиуми (МИМ), Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) и Институтот за комуникациски студии (ИКС), во врска со упатените закани кон претседателот на ЗНМ, Насер Селмани.

Би можело да ве интересира

ССНМ бара зголемување на минималната плата како начин за зачувување на слободата на медиумите и дигнитетот на новинарите

ССНМ предупредува на непрофесионалниот однос на организаторот кон новинарите на прославата на Илинден на Крушево

Катерина Ѓуровски

ССНМ бара Македонија да реагира и да помогне во спречувањето на хуманитарната катастрофа во Газа

Нападната екипата на ТВ Алсат кај пожарот во Визбегово

ССНМ: Апелот на Министерството за здравство претставува потенцијална цензура

ЗНМ: Апелите од Министерството за здравство се на граница на цензура