Режисерот и директор на Фондацијата Отворено општество Македонија, Владимир Милчин на својот фејсбук профил денеска напиша:
„Ова пучов на Грујо е тест за опозицијата, а најмногу за СДСМ. Ќе сфатат ли најпосле разните надземни и подземни струи со кого имаат работа? Ќе се огласи ли Бранко? И незадоволниците од ова и она? Или ќе си гледаат сеир без да сфатат дека ова веќе не е тест за Заев? Тој го положи. Сега се на тестирање кујните опозициски. Ќе чекаат Заев да биде притворен? За да може одново да се делат картите? Она што ќе им го потфрли Грујо? Безумници“.