Владимир Милчин, извршен директор на ФООМ се огласи за најновите случувања во Куманово. Еве што напиша Милчин:
ГРУЈО ЈА ДЕСТАБИЛИЗИРА МАКЕДОНИЈА ЗАРАДИ СОПСТВЕНИОТ ОПСТАНОК Најпрвин театро во Гошинце, сега крвава драма во Куманово која треба да го продолжи владеењето на Грујо и фамилијата. Со прогласување вонредна состојба да се забранат протестите. Или барем да се етикетираат како антипатриотски. Изградените мостови меѓу Македонците и Албанците да се урнат. Приведувањата и претепувањата да си се одвиваат непречено.
„Бомбите“ да запрат или да се минимизира нивниот ефект. Тронот на Грујо да престане да се ниша. Зад кулисите на борбата против нарачаните надворешни непријатели непречено да се одвива ловот на „внатрешните непријатели“. На тоа се сведува неговиот патриотизам.