ВИДЕО: Мијалков не дојде на судење – сменил адреса на живеење

Од:

Судот го одложи денешното судење за предметот „Тортура” бидејќи не се појавија првообвинетиот ексдиректор на УБК, Сашо Мијалков и неговиот адвокат Антонио Апостолски. Судијката рече дека до судот не стигнала повратница дека добил уредна достава.

Адвокатот Љупчо Шврговски рече дека ќе достави поднесок до судот за точната адреса на која живее Мијалков.

Во „Тортура” обинети се и поранешниот прв човек на единицата „Алфа”, Ивица Антевски – Пуки, и уште петмина полициски „алфи“ за апсењето на Бошковски.

„Тортура“ се однесува на начинот на кој бил уапсен лидерот на Обединети за Македонија и поранешен министер за внатрешни работи, Љубе Бошкоски, на 6 јуни 2011 година, ден по одржувањето на предвремените парламентарни избори. Судењето го води судијката Александра Ристеска.

Следнoтo рочиштe е закажано за 7 мај.

В. Маглешов

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски

Бубевски вели дека Кадриу кажува измислици и клевети, бара извинување или ќе тужи

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Љубе за пресудата: Сите видоа како ми ставаат пиштол на образ, а за судот нема тортура

Анита Петровска Рајковиќ

Апелација ја потврди ослободителната пресуда на Мијалков за „Тортура“

Катерина Ѓуровски

Вишо обвинителство бара Мијалков да се ослободи за „Тортура“ – жалбата на колегите од ОЈО да се одбие