(ВИДЕО) Мицкоски: За промена на изборниот модел ќе зборуваме по изборите

Од:

По средбата меѓу претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и премиерот Зоран Заев, лидерот на опозициската партија кажа дека разговарале за три теми, предлогот за технички министер на МВР, останатите предлог решенија на ВМРО-ДПМНЕ за техничката влада и можноста за промена на изборниот модел, тема која ја иницирал премиерот Заев.

По однос на техничкиот министер за внатрешни работи, Мицкоски не го откри неговото име иако во медиумите веќе кружи името на Драган Ковачки.

Тој кажа дека за час, час и половина треба да разговараат телефонски со Заев за конечна потврда за министерот за внатрешни, иако на средбата немало дополнителни прашање и забелешки околу истиот.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека станува збор нов човек во политиката, професионалец со импозантна биографија кој ќе претставува освежување на македонската политичка сцена.

Во однос на останатите предлог решенија на ВМРО-ДПМНЕ за техничката влада, Мицкоски кажа дека ќе бидат соопштени во понеделник, а денеска на средбата со Заев побарал насоки за тоа каков профил очекува актуелната власт за кадри во техничката влада.

– Во понеделник пред да бидат имињата објавени, ќе имаме телефонска консултација, а дури потоа ќе и ги соопштиме на јавноста, рече Мицкоски.

Мицкоски додаде дека нема дилема за датумот на избори и кажа дека за изборниот модел ќе зборуваат по изборите.

– Разговараме и за третото прашање, и ние како ВМРО-ДПМНЕ изразивме подготвеност веднаш по завршувањето на изборите, опозицијата и власта, кои да бидат тогаш, а јас сум убеден дека владата ќе биде формирана од ВМРО-ДПМНЕ, а опозиција СДСМ, ќе разговараме за промена на изборниот модел и примена на така-наречените отворени листи за време на следните локални избори, особено за листата на советници, кажа Мицкоски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ПР-службата на Владата не е таа што одлучува кои новинарски прашања заслужуваат одговор, реагира Синдикатот на новинарите

ДУИ: Владата ја турка државата кон нов бран поскапувања

Дрски и безобразни лаги, Владата ги демантира обвинувањата од СДСМ за набавка на водата за Гостивар

СДСМ: Голема грижа за граѓаните на Гостивар – бизнис зделка од 100.000 евра на Мицкоски и ВМРО со вода