Мицкоски во јавноста за Македонија, а во амандманите за СЈО секаде пишува Северна Македонија

Од:

Сите 65 амандмани кои ВМРО-ДПМНЕ ги доставило до Министерството за правда за законот за СЈО, го содржат новото уставно име Република Северна Македонија, дознава „А1 он“. Иако претседателот на партијата ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во јавноста постојано вели дека неговата партија не го поддржува новото уставно име и дека нема да го користи, во пракса е поинаку.

„А1 он“ успеа да дојде до еден од амандманите поднесени од ВМРО-ДПМНЕ на кој се гледа употребата на новото уставно име.

„Во Република Северна Македонија се основа Основно Јавно обвинителство за гонење на организиран криминал со седиште во Скопје“, пишува во амандманот 7 со кој се бара СЈО да стане одделение во ОЈО.

ВМРО-ДПМНЕ имале можност да ги поднесат амандманите без придавката „северна“, односно старото име, но не го сториле тоа, велат извори за „А1 он“.

„Тие можат да пратат амандмани со Република Македонија. Ако тој амандман се прифати и има забелешки за употребата на името, да се измени“, велат собраниските извори.

Мицкоски во сите јавни излагања, не го користи новото уставно име. Тој во телевизиско интервју, кога премиерот Зоран Заев го употребуваше новото уставно име, го поправаше, истакнувајќи дека името на државата е Република Македонија. За да докаже дека се противи на придавката „северна“ и дека нема да дозволи употреба на уставното име, Мицкоски на Заев му подари и беџ со името Република Македонија.

Од амандманот 2 поднесен од ВМРО-ДПМНЕ се гледа дека тие даваат поддршка за Законот за антидискриминација, на кој се противеа и за кој не гласаа. Тие бараат измена на амандманот во нацрт-законот и бараат да се додаде „пол, родов идентитет, сексуална ориентација“. Опозицијата тврдеше дека законот кој заштитува од дискриминација е спротивен на традиционалните вредности.

Кристијан Ландов

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Ковачки: Вратите се отворени за секој кој сака да биде дел од тимот кој победува

А1он

Мицкоски: Ја зацврстуваме меѓународната позиција и го креваме економскиот стандард

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ бара Обвинителството да отвори истрага за користење службено возило за приватни цели од страна на претседателот на ССМ Трендафилов

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски

Мицкоски: Трендафилов е прокси на опозицијата, протестите на ССМ имаат политичка заднина

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Мицкоски: Очекувам годишна инфлација околу 3 отсто

Горан Наумовски