Мицкоски со дијаспората во Њујорк: Вие сте нашата жива и постојана врска со светот

Од:

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски, денеска се сретнал со македонската дијаспора во Њујорк, САД.

Тој присуствувал на вечерната богослужба во чест на светите Петар и Павле во црквата Св. Кирил и Методиј во Њујорк, како и на собирот организиран од Македонците во САД, информираше Владата.

Мицкоски пред присутните посочил дека „основните постулати од кои поаѓа новата Влада на надворешен план се забрзан напредок во евроинтеграцискиот процес, унапредување на односите со соседните држави и регионалната соработка, пораст на кредибилитетот на државата како членка на НАТО, засилување на стратешкото партнерство со САД и другите западни демократии, како и поцврст ангажман во насока на привлекување на странски инвестиции“.

Тој ги повикал членовите на дијаспората заеднички и посилно да работат на унапредување на комуникацијата, дијалогот и заедничките активности.

„Помагајќи си едни на други и дејствувајќи сплотено ќе можеме многу побрзо и поефикасно да ја оствариме заедничката визија и да ја направиме Македонија посакувано и многу подобро место за живеење. Вие сте нашата жива и постојана врска со светот, вие сте нашите најдобри амбасадори кои силно ни помагаат во промоцијата на нацијата, јазикот, културата, уметноста, образованието и сите други области кои не ги спомнавме, но сепак се дел од вашата секојдневна помисла и агенда на дејствување“, посочи Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Мицкоски во Виена: Заедно со дијаспората до посилна Македонија

За ДУИ, владата на Мицкоски е неспособна, антиалбанска, антиевропска и последниот руски прокси во регионот

Мицкоски: Реформската агенда повеќе не е само план на хартија

А1он

Мицкоски: Очекувам граѓаните во Бугарија да изберат премиер фокусиран на добрососедските односи

А1он

СДСМ: Мицкоски ги ангажирал „Black Cube“ – приватниот „Мосад“ за следење на опозицијата

ВИДЕО: СДСМ поднесе кривична пријава против Мицкоски за рушење на Уставот и кршење на законите

Катерина Ѓуровски