Мицкоски: Парламентарното мнозинство се зголеми на 59 пратеници

Од:

ВМРО-ДПМНЕ и Демократската партија на Турците на Македонија (ДПТМ) денеска потпишаа Договор за политичко партнерство, соработка и поддршка, со што парламентарното мнозинство се зголемува на 59 пратеници. По потпишувањето на договорот, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски оцени дека станува збор за значаен чекор кон зацврстување на парламентарното мнозинство и политичката стабилност.

Мицкоски истакна дека партнерството со ДПТМ е засновано врз доверба, заемно почитување и заедничка определба за работа во интерес на граѓаните.

– Со потпишувањето на Договорот за политичко партнерство, соработка и поддршка со Демократската партија на Турците на Македонија испраќаме јасна порака дека кога станува збор за интересите на граѓаните и иднината на државата, постои простор за обединување околу заеднички вредности, принципи и цели. Ова партнерство е засновано врз доверба, заемно почитување и искрена определба да се работи во интерес на сите граѓани – рече Мицкоски.

Нагласи дека турската заедница е нераскинлив дел од македонското општество и оцени дека соработката е доказ дека политиките можат да обединуваат, а не да разделуваат. Осврнувајќи се на политичките состојби, Мицкоски рече дека со новото партнерство владејачкото мнозинство располага со 59 пратеници, но дека тоа не го смета за привилегија, туку за поголема одговорност.

– Со денешното политичко партнерство владејачкото мнозинство брои 59 пратеници. Тоа за нас не е причина за самозадоволство, ниту политичка привилегија. Напротив, тоа е уште поголема обврска и уште поголема должност кон граѓаните. Колку е поголема довербата што ја добиваме, толку е поголема и нашата одговорност да испорачаме резултати – истакна Мицкоски.

Одговарајќи на новинарско прашање за застапеноста на ДПТМ во извршната власт, Мицкоски најави дека партијата ќе добие министерско место во Владата.

– ДПТМ ќе биде дел од владиниот кабинет, ќе има министер и ќе го претставиме неговото име во јавноста наскоро, откако ќе заврши реконструкцијата во понеделник или вторник… Во текот на следната недела предлогот ќе биде доставен до пратениците. Членот во владиниот кабинет и неговите обврски ќе бидат претставени пред јавноста идната недела – изјави Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Средба меѓу Муцунски и Петрова ќе има, не е јасно во каков формат

Мицкоски: ЕУ препозна дека некои земји го злоупотребуваат ветото, Македонија има големи шанси со постепената интеграција

Пензискиот систем е стабиелн, нема да има промени, вели Мицкоски

Жерновски: Фон дер Лајен му ја зеде лагата на Мицкоски за идентитетот – сега намерно разгорува тензии пред средбата во Бугарија

ВИДЕО: Мицкоски очекува „коњопој средба“ во Софија

Уште нема одговор на барањето за средба од Софија

А1он