Мицкоски не дојде да даде исказ во полициската станица за Дебар маало

Од:

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, не дојде да даде исказ во полициската станица во Центар за случајот кога беше затекнат во затворен дел од кафеана на „Боемска улица“. Според извори на „А1он“, тој поканата уредно ја примил уште во четвртокот, но и покрај тоа, тој не дојде во закажаниот термин. Засега непознато е која причината поради која не се појави во станицата. „А1он“ се обиде да добие став и од партијата, но неуспешно.

Пред полициската станица имаше новинари од повеќе медиумски куќи кои го чекаа Мицкоски, со оглед дека тој бил поканет да даде исказ во 10 часот. Тој во негово име испратил адвокат за да го одложи давањето исказ.

Мицкоски на почетокот од месецов беше затекнат како седи во затворен дел од угостителски објект на улицата Боемска во Дебар Маало, иако тоа беше забрането со уредба на Владата со цел да се спречи ширењето на коронавирусот. Додека Мицкоски со пријатели седеше внатре, инспектори на Пазарниот инспекторат не можеа да влезат и да направат увид со образложение дека просториите се заклучени, а клучот е кај газдата на објектот. На нив им беше дозволен увид откако Мицкоски излегол од внатрешноста на угостителскиот објект.

По ова, интервенираше и Единицата за брзо распоредување при МВР, по дојавата дека се бришат снимки од надзорните камери на кои се гледа дека угостителот ги прекршил мерките за заштита од коронавирусот, а внатре бил токму лидерот на ВМРО-ДПМНЕ. Припадниците на ЕБР го најдоа уредот за снимање скриен во буре, а по насока на јавен обвинител е одземен и даден на вештачење.

Иако целата драма на Боемска се одвиваше од попладнето, Мицкоски призна дека бил во затворениот дел на кафаната и ги прекршил мерките дури неколку минути пред полноќ кога се чекаше јавен обвинител да даде одобрение за одземање на уредот за снимање.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Обвинителство го закопа Мицкоски – МВР на Тошковски и АНБ на Христовски дале проценка за Груби

Горан Наумовски

Мицкоски: Создаваме средина каде идеите стануваат иновации

СДСМ: Контролирано судство, повеќе од 80 дена без одговор за криминалните тендери

Мицкоски: Македонскиот народ ја бранел вратата на Европа со векови, но никогаш не коленичел

А1он

Владината прес-служба тврди: Лажна вест е тврдењето на СДСМ дека семејството на премиерот Мицкоски патувало до Хрватска со владиниот авион

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Семејството на Мицкоски никогаш не го користело владиниот авион

Горан Наумовски