Полицијата ги пронајде снимките од кафеаната каде беше Мицкоски, иако газдата тврдеше дека се украдени

Од:

Одземен е уредот за снимање од кафаната каде седел лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кога на инспектори беа спречени да извршат увид во внатрешниот дел на објектот кој според протоколите на работа не смее да работи. Уредот е даден на вештачење, а против сите лица, кои ќе се утврди дека го прекршиле протоколот ќе бидат поднесени кривични пријави. Пред да биде одземен уредот за снимање каде се снимките од надзорните камери, сопственикот тврдел дека истиот е украден, но не знаел да одговори кога. Освен Мицкоски, со него бил и поранешен функционер во Владата, односно МВР, кој сега е припадник на министерството. Неофицијално, станува збор за Љупчо Андоновски кој е поранешен директор на УБК.

„Со оглед дека постоеја сомневања дека има прекршувања на мерките за заштита, а со тоа и сторување на кривично дело, непочитување на донесените мерки за заштита од пандемија, известен е јавен обвинител од кого е добиена наредба за одземање на уредот за снимање од безбедносните камери во објектот. Во непосредна близина на објектот, како и во самиот објект, забележани се полициски службеници, кои по опис на своите работни места, не требало да бидат присутни таму. Ова предизвикало сомнеж за нивната намера и со оглед дека станува збор за фреквентно место, повикани се службеници на ЕБР, како превентивно обезбедување на просторот. Ангажирањето е направено според прописите на министерството. По дадената наредба за одземање на уредот за снимање, сопственикот кажал дека тој бил украден, но дека не се сеќава кога. За ова е известен јавен обвинител и во координација со судија за претходна постапка, добиена е наредба за претрес на објектот. По направениот претрес, најден е уредот за снимање на безбедносните камери и истиот е одземен. Согласно наредбата, тој сега се вештачи за да се потврди присуството на лицата во објектот“, рече дополнителната заменичка министерка за внатрешни работи Славјанка Петровска.

Според Петровска, инспекторите го забележале излегувањето на Мицкоски од внатрешноста на кафеаната, откако претходно, беа спречени да влезат во неа. Дури потоа, им било отворено по што виделе дека кујната била користена, односно, била извршувана угостителска дејност.

„Целта на надзорот бил проверка дали угостителите ги спроведуваат мерките за заштита до Ковид-19. По нивна проценка, не е побарана полициска асистенција. При обид да се изврши надзор во угостителскиот објект ‘Чардак’, од страна на вработени во објектот, инспекторите биле попречени и не им било дозволено да извршат надзор во внатрешниот дел на објектот со образложение дека немаат клуч од тој дел од објектот. Кога инспекторите се оддалечиле од објектот и преминале кон другите објекти, забележале дека од внатрешноста излегуваат неколку лица. Потоа, тие се вратиле во објектот и инсистирале да се изврши надзорот согласно законите. МВР по јавување на еден од очевидците, упатува полициски службеници на местото на настанот. По пристигнувањето на лицето кое се претставило како еден од сопствениците на објектот, истото го отворило горниот кат, односно винаријата ‘Чардак’, по што инспекторите извршиле увид во просторот, не биле затекнати гости, но во истиот имало користени садови и чаши, остатоци од храна, што упатувало на тоа дека внатрешниот дел сепак бил користен од некого“, додаде Петровска.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: „Платформа 1198″ е светилник на надежта, најдобрата изборна програма досега – за преобликување на иднината и јасна траекторија за успех на државата

Горан Наумовски

Мицкоски: Се чувствува дека Силјановска Давкова ја има довербата од граѓаните, се ближи крајот на принципот на ДУИ и СДСМ како до сега

Предраг Петровиќ

Мицкоски: На Македонија и треба претседател, а не измеќар на ДУИ

Горан Наумовски

Мицкоски: Пендаровски пет години не даде став, а вели осудувал криминал, дали сте го слушнале да ги осуди ДУИ или тоа за него се чесни политичари?

Горан Наумовски

Мицкоски од Дојран: Оставаа чевли пред македонската влада, а во седумгодишното владеење на СДСМ, бројот на чевли чии сопственици се иселиле е за 10 пати зголемен

Горан Наумовски

Мицкоски: На Македонија и се потребни промени, овие избори се шансата за тоа