Мицкоски го одржа најтажниот протест во историјата на ВМРО-ДПМНЕ, велат од Иницијативниот одбор за промени

Од:

„Се уште актуелниот Претседател на ВМРО-ДПМНЕ го одржа најтажниот протест во историјата на партијата,“ реагира Иницијативниот одбор за вонреден конгрес и за промени, по вечерашниот собир на ВМРО-ДПМНЕ против поскапувањето на струјата.

„Вечерашниот дебакл е најдобар доказ дека Христијан Мицкоски нема никаква поддршка. Неговиот авторитет е неповратно загубен, а натамошното узурпирање на функцијата само ја носи партијата во пропаст.

Само пред неколку дена граѓанската иницијатива „Доста е“ во Тетово собра неколку илјади граѓани на протести против покачената цена на струјата, а Мицкоски со целокупната партиска структура на ВМРО-ДПМНЕ не успеа да мобилизира повеќе од 1500 луѓе.

Секој поминат ден на Мицкоски во претседателскиот кабинет изгор скапо ја чини партијата. Доколку чувствува барем малку почит кон ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски мора да се повлече, да свика вонреден конгрес и да дозволи ново и поспособно раководство да ја придобие поддршката на народот.

Со ударно барање за викенд без ДДВ, партијата нема да стигне далеку. Во минатото само од еден скопски комитет се собирале неколку пати повеќе членови,“ велат од Иницијативниот одбор, составен од членови и поранешни функционери на ВМРО-ДПМНЕ кои бараат одржување на вонреден конгрес и смена на актуелното раководство на партијата.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Ќе има зголемување на цените на земјоделските производи

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

РКЕ: За трговија и снабдување со струја ќе треба гаранција од 100.000 евра

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела