Мицкоски да ја надрасне суетата инаку ќе доживее фијаското на локалните избори, порака од иницијаторите за вонреден Конгрес

Од:

ВМРО-ДПМНЕ во пресрет на локалните избори оди со разиедниетото членство од голем број функционери кои беа на високи позиции, но беа отстранети или сами си заминаа од партијата. Најголем дел од нив посочуваат дека ова може да биде и камен на сопнување за лош изборен резултат, расцепкување на гласовите или пак поради незадоволство голем дел од членството да не излезе на гласање, а партијата да го доживее „фијаското“ од минатите локални избори. Доколку раководството на ВМРО-ДПМНЕ продолжи да се движи по истата траса, ќе биде многу тешко партијата да издејствува победа, изјавија дел од нив за „А1он“.

Иницијаторите за вонреден конгрес во ВМРО-ДПМНЕ се уште се на ставот дека Христијан Мицкоски треба да ја напушти функцијата, но во моментов нема да делуваат во таа насока. Како што велат, нивните активности се ставени во мирување.

Ивица Конески еден од иницијаторите на оваа идеја, вели дека ги следат сите чекори кои ги превзема ова раковоство и додава дека во пресрет на локалните избори не очекува никаква промена доколку истите луѓе ја водат партијата. Како што вели тој се уште немаат став дали ќе поддржат одреден кандидат што ќе го извади ВМРО-ДПМНЕ, а нивното делување ќе зависи токму од кадрите што ќе бидат ставени на листите.

„Имаме сериозна поддршка од многу членови кои беа на клучни позиции во минатото, 350 делегати се потпишаа на иницијативата за смената на сегашното раководство, а тоа е сериозна бројка. За жал многу квалитетни кадри се надвор од партијата, а можат да придонесат за подобар резултат. Во партијата гледаме дека нема промени, нема обединување на членството, а раководството не работи во таа насока. За локалните избори се уште е рано да заземеме став, но не би сакале партијата да доживее пораз. Ние сме ВМРО-ДПМНЕ и многу ни е важен кадровскиот потенцијал и капацитетот на партијата затоа што јако ВМРО ДПМНЕ и е потребно на Македонија како алтернатива за водење на државата“, изјави Конески за „А1 он“.

Митко Јанчев градоначалникот на Кавадарци кој е од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, но е надвор од органите на партијата заради несогласувања со раководството, за „А1он“ изјави дека повторно ќе се кандидира за градоначалник и неговата кандидатура ќе ја поднесе во партијата.

Јанчев вели дека не знае дали ќе ја добие поддршка од партијата, но и доколку му свртат грб тој ќе оди сам на изборите.

„Јас сум ВМРО-ДПМНЕ и никогаш идеолошки не сум се откажал од тоа. Мојата кандидатура ќе ја поднесам, а нивно е дали ќе ми дадат поддршка. Во мојата општина имам одличен рејтинг и самите граѓани ми кажаа дека ќе ми се налутат доколку не се борам за втор мандат. Не сакам да ги изневерам ниту луѓето кои ме поддржуваат, ниту пак моите сопартијци. ВМРО-ДПМНЕ губи ако им го врти грбот на луѓето кои уживаат доверба кај гласачите и редно е оваа раководство да го разбере тоа. Никогаш не сум се откажал од ВМРО-ДПМНЕ и нема да го направам тоа, но кога треба да се критикува повторно ќе го правам тоа и јасно ќе го изнесам својот став“, вели Јанчев за „А1он“.

Некои од блиските идеолошки партии до ВМРО-ДПМНЕ се вратија кај Мицкоски, но и тие имаат свои ставови кои бараат да бидат испочитувани за да останат внатре. Јове Кекеновски од ФРОДЕМ на Мицкоски му порача доколку на листите постави градоначалници послушници, наспроти квалитетни кадри и не ја надрасне својата суета не може да очекува победа на изборите.

„Ние како фракција влеговме внатре и во принцип застанавме зад луѓето кои се бореле против груевизмот, против апсолутизмот и криминалот. И стоиме на тој став. Имаме листа со сериозни кандидати кои ќе им ги му ги предложиме на Мицкоски, но ако не го испочитува тоа, тогаш друга песна ќе пееме.

Затоа му порачувам Мицкоски да не става кандидати послушници туку квалитетни луѓе без разлика дали се согласуваат со неговите ставови или не. Тие кадри треба да се соберат и да бидат внатре, затоа што тие не биле против партијата, туку имале несогласувања со одредени личности. Да ја надрасне својата суета и да си ја признае грешката, да ги повика квалитетните луѓе, ако се влијателни во своите средини, да застане зад нив и да им даде поддршка. Мора да направи сериозен исчекор, затоа што ВМРО-ДПМНЕ не го вади ништо друго од оваа ситуација, освен победа на локалните избори“, порача Кекеновски.

На минатите локални избори во 2017 година во наголем дел од општините ВМРО-ДПМНЕ ја изгуби довербата, при што освои победа во вкупно пет општини, а лидер на партијата беше Никола Груевски. Неколку месеци по изборите, следеше Конгрес на партијата на кој најголем дел од делегатите поддршката му ја дадоа на Мицкоски. Во периодот што следеше, ВМРО-ДПМНЕ и со новиот лидер сепак не успеа да победи ниту на претседаталеските ниту на парламентарните избори минатата година. Најголем дел од членството кое е надвор од партијата, токму поради лошите изборни резултати го повика да си замине од функцијата.

Би можело да ве интересира

Иницијатива за Конгрес: Мицкоски е единствениот во ВМРО-ДПМНЕ чии афери се амнестираат од надлежните обвинителства и судови

Катерина Ѓуровски

Иницијативниот одбор го одложи најавениот вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ

Жарко Настоски

Стамов: Поддршката за смена на Мицкоски од ден во ден се зголемува

Искра Манојлоска

Иницијативен одбор: 17-от Вонреден Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде конгрес на обединување и нов почеток

Ана Ололовска

Иницијативен одбор за вонреден конгрес: На ВМРО-ДПМНЕ не му треба лидер кој бега од сите круцијални одлуки

Ана Ололовска

Коневски: Брутални навреди и омаловажувања кон секој што бара смена на Мицкоски

Ана Ололовска