Меѓународен натпревар по роботика и вештачка интелегенција на ФЕИТ

Од:

На Факултетот за електротехника и информациски технологии ФЕИТ во Скопје денеска ќе биде отворено 10. издание на меѓународниот натпревар по роботика и вештачка интелигенција РОБОМАК.

Учесниците на натпреварот ќе имаат можност да работат во парови, да ги употребат своите знаења и вештини, да ги надоградат и усовршат, да соработуваат со студенти од земјава и странство, со цел да го освојат првото место во својата категорија. Категориите во кои учесниците може да се натпреваруваат се: Self Racing Cars, Sumo, Line Follower, Maze, Machine learning, Sphero. Покрај тоа ќе имаат можност да присуствуваат на предавања од тие области.

Од ФЕИТ најавија дека на отворањето ќе се обратат министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, деканот на ФЕИТ проф.д-р Димитар Ташковски и на ректорот на УКИМ проф. д-р Никола Јанкуловски.

Завршниот настан на неколкудневната манифестација е в сабота со почеток во 18 часот во Домот на АРМ.

Би можело да ве интересира

Студиските програми на ФЕИТ добија акредитација од германска агенција

А1он

Манчевски го отвори меѓународниот натпревар за роботика и вештачка интелигенција „RoboMac-2020“

А1он

На ФЕИТ ќе се тестираат 5Г мобилни технологии и системи

Ана Ололовска

На ФЕИТ ќе биде отворена прва лабораторија за тестирање на 5Г

Ана Ололовска

Заврши десеттиот „Робомак 2019“

Ана Ололовска

Стартуваше „Недела на роботика“ на ФЕИТ

Ана Ололовска