Манчевски го отвори меѓународниот натпревар за роботика и вештачка интелигенција „RoboMac-2020“

Од:

Министерот за информатичко општество и администрација, Манчевски им посака успех и многу иновативни решенија на студентите на ФЕИТ кој го организираше меѓународниот натпревар за роботика и вештачка интелигенција Робомак 2020.

Манчевски им посака успех и многу иновации на студентите.

Тој апелираше до нив, по завршувањето на студиите, да се обидат да успеат тука наместо да заминуваат надвор од државата.

„Наша цел како МИОА и како Влада, е да направиме се што е во наша моќ да ги обезбедиме сите предуслови, за да го направите вистинскиот избор и да не заминете. Затоа пред две години го започнавме и проектот- Младинска гаранција, со што се предвидува квалитетната понуда за вработување, натамошно образование, прекфалификации, стажирање или практикантство. Ова е клучно за успешното интегрирање на младите во пазарот на трудот и намалување на одливот на образован кадар од земјата. Овој проект веќе дава резултати и голем број на млади лица ги користат поволностите и почнуваат свои бизнис. Во тој правец се и постојаните повици на Фондот за иновации и технолошки развој, каде едвај чекаат да поддржат некој иновативен проект. Тоа може да биде нешто што токму вие овие денови ќе го направите“, истакна министерот.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе 40-тина амандмани за пакетот закони од МИОА, од кои 21 за Законот за административни службеници

Трајчевски: АВМУ го тужи МИОА затоа што ни исплати 80.000 евра помалку од законски предвидените

Орце Костов

Алиу: Вработувањата не се предизборни, ќе се вработат на неопределено лица кои работеле привремено

Орце Костов

Алиу: Конечен став за забраната на Тик-Ток по координација со правосудните, образовните и безбедносните институции

Горан Наумовски

Почнаа преговорите за решавање на проблемите на регионалните и локалните радиодифузери

А1он

МИОА: Нови алатки во процесите за дигитална трансформација на општеството

А1он