МИОА: Нови алатки во процесите за дигитална трансформација на општеството

Од:

Министерот за информатичко општетсво и администрација Јетон Шаќири денеска се сретна со генералните директори на КИБС АД Скопје Горан Анастасовски и на Некстсенс Васко Кроневски и нивните тимови кои работеа на развој на решението за упис во регистарот на првата шема за електронска идентификација.

-Особенo задоволство ни причинува што две реномирани домашни компании КИБС АД Скопје во партнерство со Nextsense АД Скопје кои се присутни на домашниот но и меѓународниот пазар со услуги за дигитализација, инвестираа во развој на следна генерација на дигитални алатки кои ќе овозможат значаен скок во можностите за дигитална трансформација на комерцијалните и државните јавни сервиси, наведуваат во соопштение од Министерството за информатичко општетсво и администрација.

Оттаму информираат дека на средбата е истакната важноста за домашните компании да инвестираат во развој на услуги кои не само што имплементираат најсовремени можности за дигитализација туку имаат и директно силно влијание и примена во процесите на дигитална трансформација во нашата држава.

-На средбата се сложивме дека во блиска иднина ќе се изврши интегрирање на услугата за дигитална идентификација и квалификуван на порталот за електронски услуги и други државни системи.Со оваа услуга му даваме на електронскиот потпис исто правно дејство како класичниот потпис и пристапуваме кон нашата цел да ја намалиме на нула употребата на хартија во државната администрација, што е уште еден чекор кон дигитализација на администрацијата и услугите во Република Северна Македонија, рекол на средбата министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири.

Би можело да ве интересира

Имате стипендии на сметките, не дозволувајте манипулации им порача на студентите министерот Шаќири

ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе 40-тина амандмани за пакетот закони од МИОА, од кои 21 за Законот за административни службеници

Трајчевски: АВМУ го тужи МИОА затоа што ни исплати 80.000 евра помалку од законски предвидените

Орце Костов

Учениците од четврто, петто и шесто одделение од денеска ќе ги имаат првите дигитални интерактивни учебници

Алиу: Вработувањата не се предизборни, ќе се вработат на неопределено лица кои работеле привремено

Орце Костов

Шаќири: Ќе побарам одговорност ако наставните програми за седмо одделение не бидат готови до крајот на ноември