Почнаа преговорите за решавање на проблемите на регионалните и локалните радиодифузери

Од:

По речиси домесечниот штрајк, во просториите на МИОА почнаа преговорите за решавање на проблемите на регионалните и локалните радиодифузери.

dobivaj vesti na viber

На средбата на која присуствуваа министерот Адмирим Алити и членови на здружението Медиум Објектив беше заклучено дека постојат сериозни проблеми во оваа сфера и дека е неопходно со идните законски промени истите да се решат.

Министерот Алити потенцираше дека регионалните и локалните радиодифузери се од особена важност за информирањето и демократскиот плурализам во општеството и нивното опстојување не треба да биде доведено во прашање. Тој најави законски измени кои ќе придонесат за подобрување на состојбата во која се наоѓаат изминатите години, како резултат на ковид пандемијата и светската енергетска криза.

Од претставниците на Медиум Објектив беа доставени барања за субвенционирање на 50 отсто од дозволата кон ААВМУ и покривање на трошоците за ДВБ-Т сигналот кон операторот А1 за 2022 година, и кон оние оператори кои наплаќаат за тој надомест од телевизиите кои емитуваат програма преку ЈКМ, како и субвенционирање на овие трошоци на регионалните и локалните радиодифузери во следните 5 години.

Министерот Алити изјави дека засега има одлука на Влада да бидат покриени само трошоците кон А1 за ДВБ-Т сигналот и за тоа во текот на утрешниот ден ќе ги информира во компанијата.

Уште еднаш се потенцираше потребата од промена на членот 102 од Законот за ААВМУ, за кој беше презентиран предлог правилник, како и потребата од формирање на долгонајавуваниот Фонд на медиуми, за кој претставниците на здружението доставија конкретен предлог како истиот да се реализира.

Двете страни се согласија да ја продолжат комуникацијата, да се дебатира сето она што беше предложено во соодветните работни групи во надлежните министерства и на следните средби да се договорат конкретни решенија.

Би можело да ве интересира

ОН: Новинарката на Ал Џезира убиена е од израелски оган, бараме кривична истрага

А1он

„Медиум Објектив“: Продолжува штрајкот на локалните и регионалните медиуми

Ана Ололовска

Локалните и регионалните медиуми започнуваат со прекин на програмата

А1он

МАН: Целосна поддршка на „Медиум Објектив“ во одлуката да започнат со штрајк

Ана Ололовска

Локалните и регионалните медиуми ја прекинуваат програмата од следната недела

Ана Ололовска

Затворено грчкото издание на Спутник, реагираат новинарските здруженија во Грција

А1он